Facilitation: Како правилно воден процес ги претвора идеите во резултати
Фацилитација - Facilitation е структуриран процес што им помага на тимовите подобро да соработуваат, да решаваат проблеми и да носат одлуки.
Facilitation не значи само водење состанок. Тоа е процес на креирање услови во кои групата може полесно да размислува, да соработува и да стигне до конкретен резултат, да не речам да се експлоатира соодвено, ем среќни ем крорисни (facilitator.com)
Клучната улога ја има facilitator-от – некој што го води процесот, но не го наметнува решението. Наместо да биде најгласниот учесник, тој поставува структура, прашања и правила што му овозможуваат на тимот сам да дојде до најдоброто решение.
Како изгледа добар facilitation процес?
Процесот обично започнува уште пред самата сесија:
1. Дефинирање на целта
Што точно треба да постигне групата?
2. Подготовка
Кои луѓе треба да учествуваат, кои информации се потребни и која методологија ќе се користи?
3. Facilitation
Facilitator-от ја води дискусијата, го одржува фокусот и се грижи различните перспективи да бидат слушнати.
4. Синтеза
Идеите и ставовите се групираат, анализираат и приоритизираат.
5. Outcome
Сесијата завршува со конкретна одлука, план, идеи или следни чекори.
Зошто е важен?
Без структура, тимските дискусии лесно можат да станат доминирани од неколку луѓе, да се изгубат во детали или едноставно да не доведат до одлука.
Добриот facilitation процес создава простор за различни мислења, но истовремено ја задржува групата насочена кон целта.
Затоа facilitation е особено корисен за:
стратешки сесии;
Design Thinking и UX workshops;
brainstorming;
решавање комплексни проблеми;
донесување одлуки;
team alignment;
планирање проекти и производи.
Facilitator не е „само модератор“
Вистинската вредност на facilitator-от е во дизајнот на процесот.
Тој не треба да знае одговор на секое прашање. Треба да знае како да му помогне на тимот да стигне до одговорот.
Во време кога состаноците, brainstorming сесиите и тимската соработка стануваат сè покомплексни, оваа способност станува важна алатка за секоја организација.
Добриот facilitator не ја води групата кон сопственото решение. Тој ја води групата кон најдобриот можен процес за да дојде до решение.
Поврзани статии
25 веб-страници кои секој основач на стартап мора да ги знае
Откријте ги најдобрите 25 алатки и веб-страници за стартапи – од истражување на пазарот, следење на трендови и SEO, до дизајн, валидација и управување со тимови. Заштедете време и работете попаметно.
Лекции од стартапи –Startup Lessons Learned
Како успешните стартапи постојано се вртат, тестираат и повторно откриваат додека не го најдат својот пат
Целосниот градител и новата форма на продукт-организацијата
Full-stack builder – професионалец кој работи непречено низ функционалните линии од идеја до лансирање. Дознајте како вештачката интелигенција ги менува улогите, соработката и она што е највредно во продукт-тимовите.

